Проверете дали патите од номофобија или криофобија – ММС
ММС

Објавено на: 12/28/18 3:00 PM

Проверете дали патите од номофобија или криофобија

Ви се потат ли дланките и ви чука срцето кога треба да поминете преку улица, или можеби сте панични кога ќе ви се исклучи мобилниот во непознат град и не знаете во кој правец да тргнете? – Без грижи бидејќи не сте единствени.

Во продолжение ви ги претставуваме различните фобии со кои луѓето се соочуваат во нивното секојдневие.

Хионофобија
Стравот од снег претставува ноќна мора за оние кои патат од оваа фобија. Непријатна чувство особено за оние кои патуваат во Норвешка, Шведска или во Јапонија каде се наоѓаат градовите со најголема снежна покривка во текот на годината.

Номофобија
Ве плаши ли помислата дека ќе ви се испразни батеријата на телефонот или додека сте на патување цврсто го држите во своите раце некој да не ви го украде и да не ви ги земе податоците? Дефинитивно патите од номофобија која може да предизвика анксиозност која вклучува и обсесивно прегледување на пропуштени повици и пораки.

Дендрофобија
Дендрофобијата се манифестира со непријатно чувство при движење низ шуми и планини и страв од дрвја. Овие луѓе сакаат да бидат на рамен терен, на плажа или градови без многу вегетација. Оваа фобија е поврзана со хилофобија (страв од шума), никтохилофобија (страв од ноќ во шума) и ксилофобија (страв од шума и двени предмети).

Криофобија
Доколку ви се леди крвта во вените на од ладно време, ниски температури, ладни предмети и мраз можно е да патите од криофобија.

Иповлопсихофобија
На некој селфи стикот им е омилен реквизит меѓутоа постојат и луѓе кои се плашат од фотографирање кои секогаш вешто избегнуваат такви ситуации кога ќе видат фотоапарат или телефон.