Штипските советници не сакаа да се откажат со половина паушал – ММС
ММС

Објавено на: 12/27/18 12:47 PM

Штипските советници не сакаа да се откажат со половина паушал

Во духот на предновогодишните дарувања, советникот Тоше Тулиев од коалицијата на ВМРО ДПМНЕ од Штип, на денешната седница на Советот на Општината,  предложи сите советници да донираат половина  од декемврискиот паушал.

Овие средства од 23-цата советници би биле наменети за социјално загрозените семејства.
На ова реагираше Иван Бојаџиски од владејачката колиција предводена од СДСМ, кој рече дека Општината Штип има формирано социјален фонд, тоа е наменски фонд и од тука се црпат средствата за таа намена.

Солономнското решение го најде претседателот на Советот, Јане Миланов, кој го преформулира предлогот во апел до советниците да донираат колку сметаат и каде сметаат.
Тулиев, сепак, не се откажа од идејата и рече дека тој  ќе ја донира својата половина од месечниот паушал, а останатите, како сакаат.

Советниците добиваат месечен надоместок во висина од 60% од просечната плата во Македонија, како и додатоци од присуство на седници и патни трошоци. За советник, кој е во равотен однос,овој износ е уште како добар додаток на месечните примања.