Децата во градинка и училиште да се примаат само вакцинирани е децидниот став на министерот за здравство, Венко Филипче откако пред неколку дена се појави нов случај на заболено дете од морбили. Невакцинацијата на децата смета тој е резултат на антикампањата која се води за вакцинација.
Од Институтот за јавно здравје се на став дека е можна епидемија на морбили поради фактот што само на територија на град Скопје бројката на невакцинирани деца на возраст од 14 години изнесува 15.000 деца, а 11.000 не вакцинирани деца во предшколска вораст. Министерот за здравство заедно со мултисекторската група составена од Министертсвото за здравство, труд и социјална политика и образование ќе работат на повици до сите родители да ги вакцинираат своите деца.
„Во прво одделение околу 20 проценти од децата не се вакцинирани, што исто така сериозно не загрижува заради тоа што примовакцината која се прима прва на најмала возраст е таа која го создава вистинскиот имунитет. Веќе преземавме мерки и во рамки на тоа како сега е структуриран системот се упатува повик до сите родители чии деца не се вакцинирани, нагласи Филипче.
Најголемиот број на невакцинирани деца има во скопските општини Центар, Карпош и Кисела Вода. По епидемијата на морбили во Радишани, имунизацијата се зголеми за 220 деца кои примија вакцина.


