По 13 часа Советот на Општина Куманово го „истрча последниот маратон“ годинава – ММС
ММС

Објавено на: 12/27/18 11:02 AM

По 13 часа Советот на Општина Куманово го „истрча последниот маратон“ годинава

Цели 13 часа траеше 20. седница на Советот на Општина Куманово. Започна вчера рано наутро, а заврши нешто пред 23 часот вчеравечер.

На седница беа изгласани програмите за работа на Јавните претпријатија „Водовод”, „Чистота и зеленило”, „Куманово паркинг” и „Куманово гас”, Градинката „Ангел Шајче”, а од 30те точки на дневен ред копјата најмногу се кршеа на програмата за културни манифестации за 2019. година и Буџетот на општината.

По напнатата атмосфера на дискусиите, советниците за крај си честитаа Нова година и ја заклучија седницата.

Инаку последните неколку седнции по обичај траат со часови. Деветнаесеттата мораа да ја одржат во два дена, поради одолговлечената дискусија, но и обемниот број на точки на дневен ред.