Македонија Блокира: Во сабота блокади на раскрсниците во сите градови на Македонија – ММС
ММС

Објавено на: 12/27/18 9:36 AM

Македонија Блокира: Во сабота блокади на раскрсниците во сите градови на Македонија

Македонија блокира продолжува со протестите се до распуштање на Собранието и распишување нови избори. Во сабота ќе бидат блокирани раскрсници во сите градови во Македонија. Партијата Единствена Македонија која е дел од блокадите бараат од градот Скопје да им бидат вратени украдените шатори.

„Бруталната полициска интервенција на растурање на кампот нема да не поколеба, туку не прави уште посилни. Марионетската власт и досега спрема нас водеше политика на заплашување, следење, прислушвање, но, срамна епизода ќе ги удри уште посилно на земја.Македонија блокира проодолжува со блокадите до конечната цел. Продолжуваме и со блокадите низ цела Македонија  со цел раздвижување и своевидно загревање на народот пред масовното доаѓање во СКопје во периодот на финалното гласање во Собранието кога ќе биде решена дилемата или ќе дозволиме маринетската власт да избриуше се што е македонско или Македонија ќе победи“, велат од Единствена Македонија.

Тврдењата на градските власти дека за време на уривањето на кампот немало луѓе, од партијата обвинија дека тврдењата се лажни и во кампот имало луѓе како и секој друг ден во поставените шатори. Од Град Скопје пак потврдија дека постапиле согласно законот.

Од Македонија Блокира велат дека дозвола за кампот имале се до 31 декември. Граѓански здруженија со шатори веќе неколку  месеци протестираат против постапката за  уставните промени во законодавниот дом.