Изложба на слики од Меѓународната радовишка ликовна колонија „Св. Ѓеорѓиј 2018″ во Куманово – ММС
ММС

Објавено на: 12/27/18 9:19 AM

Изложба на слики од Меѓународната радовишка ликовна колонија „Св. Ѓеорѓиј 2018″ во Куманово

Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев” – Куманово вечер ќе биде отворена изложба на слики од Меѓународната радовишка колонија „Св. Ѓеорѓиј 2018″. Колонијата се одржува по трет пат во организација на ДЛУМ од Радовиш, тамошните општински власти и Центарот за култура со поддршка на бизнис заедницата.

На третата меѓународна ликовна колонија учествувале уметници од неколку градови од Македонија помеѓу кои и доајените на македонската уметност: Новица Трајковски, Владимир Темков, Ангел Коруновски, Стефан Хаџи-Николов, Цветанка Јованова Хермес, Мирослав Трендафиловски – Мики и Запро Запров. Исто така, во колонијата учествуваа и уметници од странство меѓу кои: Летив Намдагжанчивин – Ли од Монголија, Евгени Петров од Бугарија и Мита Ристиќ од Србија, како и членови на ДЛУР Рада, Радовиш: Марјан Крстев, Крсте Тарабунов, Душан Коцев и Ѓорге Атанасов…

Изложбата во Куманово ќе биде поставена до средината на јануари, наредната година.