Времето денеска: Сончево, студено со слаб ветер – ММС
ММС

Објавено на: 12/27/18 8:34 AM

Времето денеска: Сончево, студено со слаб ветер

Утрово времето е ведро со слаб, а во источните делови умерен северен ветер, а во текот на тенот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

Следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури и со слаб до умерен северозападен ветер. Утре ќе се зголемат условите за појава на магла по котлините. Во недела кон крајот на денот и во понеделник се очекува зголемена облачност со локални вренежи претежно од снег.