Во селата на Азот во Општина Чашка со години затворени амбулантите, жителите бараат нивно повторно отворање – ММС
ММС

Објавено на: 12/26/18 6:48 PM

Во селата на Азот во Општина Чашка со години затворени амбулантите, жителите бараат нивно повторно отворање

При денешното отворање на Дневен центар за стари лица во селото Извор жителите од градоначалникот Горан Стојановски побараа да помогне во отворање на постоечките амбуланти кои се години се затворени и запуштени.

Тој потсети дека генерално на ниво на држава селските амбуланти одамна се затворени и запуштени.

-Факт е дека во ова населено место, селото Извор  со околу 400 жители има амбуланта во центарот но селото, но истата со години е запуштена, празна и не работи. Затоа ние како Општина Чашка, јавно апелираме до лекарите, бидејќи има дефицит на лекари, да се јават на огласите за лекари  за овие селски амбуантите, а  со поддршка на Министерството за здравство амбулантите во овие села повторно да  бидат пуштени, повика градоначалникот Стојановски.

Тој потсети дека ваквите селски амбуланти поради немање на лекари со години се затворени и во останатите поголеми села во општина Чашка како Богимила, Горно Јаболчиште и другите населени места. Истите пред десетина и повеќе години успешно функционираа и им даваа неопходни здравствени услуги на жителите од поголемите и помали населени места во Општина Чашка.

Сега жителитена Извор и останатите села се без лекар. Повеќето од тие села се населени со постари жители, кои на лекар мораа да патуваат до Чашка или Велес.

МИА