Германскиот бизнис: Brexit и трговските спорови се најголемиот ризик за раст – ММС
ММС

Објавено на: 12/26/18 4:03 PM

Германскиот бизнис: Brexit и трговските спорови се најголемиот ризик за раст

Водечките индустриски групи во Германија соопштија дека повлекувањето на Велика Британија од Европската унија (ЕУ) и трговските спорови предизвикани од политиките на Доналд Трамп за „Америка на прво место“, претставуваат најголем ризик за растот, пренесува „Ројтерс“.

Германската економија, која е најголема во Европа, се очекува да ја забележи својата најслаба стапка на раст по многу години, додека извозните компании се соочуваат со предизвици во странство. Но, значајната домашна побарувачка значи дека многу бизниси се уште имаат можност да го прошират својот бизнис.

Во анкетата спроведена од „Ројтерс“, раководителите на водечките здруженија на индустриите наведуваат дека не веруваат дека економијата ќе влезе во рецесија, а повеќето прогнозираат значителен раст од околу 1,5% на економијата во 2019-та година.

Извор: Денар