Се’ за храна: Промени во животниот стил за мазна кожа без целулит – ММС
ММС

Објавено на: 12/26/18 2:21 PM

Се’ за храна: Промени во животниот стил за мазна кожа без целулит

Верувате ли дека возрасна личност може да има мазна кожа без целулит? – Прочитајте што дознавме при нашето истражување.

Според некои доктори целулитот е опишан како безопасна болест на ткивото.  Но, иако од целулитот нема да умреме, ни па да имаме некакви сериозни последици по нашето општо здравје, тој сепак е многу непријатна појава.  Додека пак, според некои други доктори целулитот е само еден од начините на кој се распределуваат мастите на женското тело. За тоа придонесува естрогенот со својата особина да задржува вода во телото. Затоа, жените имаат два пати повеќе масно ткиво од мажите и со тоа се многу посклони за појава на целулит. Без разлика која теорија и да ја прифатите, сигурни сме дека целулитот ви пречи и не сакате да се помирите со него. Па затоа, во продолжение дознајте што треба да промените во вашиот животен стил за да уживате во мазна кожа без целулит.

Целулитот се состои од токсини, масти и вода. Според експертите, околу 85% од жените ќе добијат целулит во некој момент од животот и тоа најчесто во периодите кога доаѓа до големи хормонски дисбаланси како што се пубертетот и бременоста. Па така, на неговото појавување немаат најважно влијание дебелината или физичката активност. Сепак, одредени животни навики во голема мера влијаат на неговата појава и на нив може да се влијае. Дознајте кои се тие и што се може да преземете за да се ослободите од него.

Зошто се појавува целулитот?

Виновникот за појавата на целулитот, покрај одредени генетски фактори, дефинитивно е современиот начин на живот.  Еден од доказите за тоа е дека и самиот термин „целулит“ за прв пат се спомнува во американски трудови издадени од автори во 70-тите години на 20 век. Начинот на кој повеќето жени денес функционираат и живеат, во постојано брзање и големи обврски, ја прават појавата на целулит неизбежна. Во продолжение погледнете ја листата на специфични фактори  кои влијаат на неговата појава:

  • лоши навики во исхраната
  • недоволна консумација на вода (околу 2л на ден)
  • неправилно дишење
  • отсуство на вежбање
  • напнатост
  • замор
  • цигари, кафе и алкохол
  • загаден воздух
  • токсини, кои организмот се обидува да ги складира далеку од виталните органи, ги сместува на периферните делови на телото, под површинските слоеви на кожата.

Како да се ослободите од целулитот?

Правилна исхрана

За да се ослободите од целулитот во потполност треба да се откажете од храната и пијалаците кои содржат конзерванси и вештачки додатоци, како и од претерано мрсната храна. Да намалите со консумација на млеко и млечни производи, сосови и преливи, маргарин, шеќер и слатки. Исто така, треба да се откажете од претерано солената храна, од алкохолот, цигарите, па дури и кафето.

Обидете се да јадете помалку мрсни видови на месо како пилешко и риба, интегрални житарки, црн леб, варени јајца , динстуван и свеж зеленчук, повеќе свежо овошје на гладно, три часа пред појадок.

Не пијте течности непосредно пред и после оброците

Избегнувајте да пиете течности непосредно после јадење или тоа нека биде во минимални количини, голтка или две. Течност во поголеми количини пијте 3 часа после оброк или ½ час пред оброк, како и на празен стомак. Исто така, обидете се да внесувате што е можно повеќе течности. Барем 2 литри на еден ден. При тоа, избегнувајте газирани пијалаци. Најдобро е да се пие вода или чаеви без шеќер.

Физичка активност

За елиминација на целулитот се препорачуваат вежби за истегнување и разлабавување, како и вежби со брзи движења како аеробик. Интензитетот на тренингот треба да биде таков што ќе ве замори и испоти. Исто така, кога ќе се туширате после ваков тренинг, потребно е да користите ракавица.

Совет плус: Масажи и вежби за правилно дишење и опуштање, претставуваат уште едно одлично решение во борбата против целулитот.

 

Превземено од: sezahrana.mk