Апелација ја укина пресудата за Ѓоко Поповски, случајот вратен на повторно судење – ММС
ММС

Објавено на: 12/26/18 11:39 AM

Апелација ја укина пресудата за Ѓоко Поповски, случајот вратен на повторно судење

Укината е првостепената пресуда за случајот „Триста” на Специјалното јавно обвинителство и случајот е вратен на повторно судење, потврдија за МИА од Апелацискиот суд во Скопје. Одлуката е донесена минатата недела.

Во овој случај, што се однесува на набавката на возила за потребите на Министерството за внатрешни работи, на девегодишна затворска казна е осуден поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски.

Поповски, како што пренесе порталот Сакам да кажам, е префрлен од затворот „Идризово” во истражниот затвор „Скопје”, бидејќи второстепениот суд му одредил мерка притвор.
Пресудата за затворската казна на Поповски беше донесена во мај годинава.