Алегри потврди дека Роналдо за првпат ќе добие поштеда и ќе биде на клупата за резерви  – ММС
ММС

Објавено на: 12/26/18 9:41 AM

Алегри потврди дека Роналдо за првпат ќе добие поштеда и ќе биде на клупата за резерви 

Масимилијано Алегри пред десетина дена даде збор дека ќе го одмори Кристијано Роналдо на еден од наредните три меча, а бидејќи тоа не го направи на дербито против Рома, следна станица беше претстојниот меч со Сампдорија.

– Роналдо ќе биде на клупата и ќе го гледа натпреварот заедно со мене. Многу сум задоволен од тоа што го прави Кристијано, но и од сите останати. Ги гледав неговите статистики и видов дека ова е неговиот најдобар старт во неговата кариера кога се во прашање головите и бројките. Очекувам да го видам најдоброто од него во месец март, кога ќе дојдат клучните натпревари во Лигата на шампионите. Ќе биде многу важно тогаш да биде во најдобра форма, да биде клучен како што беше и минатите сезони, – порача Алегри.

Превземено од: derbi.mk