Направете сами: Детален туторијал за новогодишен маникир – ММС
ММС

Објавено на: 12/26/18 9:35 AM

Направете сами: Детален туторијал за новогодишен маникир

За време на новогодишнте празници ноктите најчесто се во црвена, црна или златна боја. Доколку ви здодеа да имате еднобојни нокти и сакате да ги истакнете своите раце ви предлагаме  оваа година ноктите да ги украсите со празнични мотиви.

Во продолжение ви го претставуваме краткото упатство како да ги украсите вашите нокти со златни мотиви:

ПРВ ЧЕКОР
На претходно исчистен и обликуван нокт нанесете основен лак, еден слој и лакот во бојата што ја сакате во два слоја. Ние ви предлагаме комбинација од златна и темно зелена.


ВТОР ЧЕКОР
За да нацртате елка можете да користите тенка трака (како што е прикажано на фотографијата) или четкица за нокти доколку сте вешти да цртате тенки линии. На ноктите со златна боја, нацртајте елка со зелена боја или обратно.


ТРЕТ ЧЕКОР
Кога ќе ги тргнете помошните траки можете да додадете украси со златни детали како што се ѕвездите на врвот на елката или златни снегулки кои ќе ги нацртате со тенка четка за нокти . Кога маникирот делумно ќе се исуши, почекајте околу 10 –на минути, па нанесете лак со безбојна боја кој брзо се суши за да ги заштите ноктите.


За да го направите овој маникир ќе ви бидат потребни околу 45 минути. Среќно и уживајте во совршениот маникир.