Популарниот саундтрак „Shallow“ од филмот насловен „A star is born“ каде како главна улога се појавува позната и екцентрична Лејди Гага доби нов кавер. Станува збор за младата и талентирана Наталија Славева.
“Понесени од прекрасниот филм и прекрасната сентиментална балада “Shallow” се одлучивме заедно со Александар , да направиме нова верзија, со нов аранжман , кој брилијантно го направи Иле Спасев. Особено ми е мило што успеавме да снимиме и видео за кое се погрижија Фабрика Продукција, а видеото е снимено во Enterprise Recording Studios. Се надеваме дека на публиката ќе и се допадне нашата изведба , и со овој препев ќе ја дополниме предновогодишната еуфорија“, вели Славева.Како звучи слушнете во продолжение:


