Шекеринска и Ѓурчиновски на средба со семејствата на македонските мировници – ММС
ММС

Објавено на: 12/26/18 7:34 AM

Шекеринска и Ѓурчиновски на средба со семејствата на македонските мировници

Министерката за одбрана на Република Македонија, Радмила Шекеринска и началникот на ГШ на АРМ, генерал мајор Васко Ѓурчиновски денеска ќе остварат средба со семејствата на македонските мировници.

Како што информираа од Министерството за одбрана, на средбата што ќе се одржи во Домот на АРМ, преку видео-конференциска врска ќе разговараат со припадниците на АРМ кои се дел од мировните мисии во Авганистан, Босна и Херцеговина и во Либан.

На децата на мировниците ќе им бидат поделени новогодишни пакетчиња.