Вкупно 393 земјоделци од велешкиот регион побарале субвенции – ММС
ММС

Објавено на: 12/25/18 3:07 PM

Вкупно 393 земјоделци од велешкиот регион побарале субвенции

 Во подрачната едница на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Велес до истекот на рокот се пријавиле вкупно 393 земјоделци од поширокиот велешки регион кои побарале субвенции за производство годинава.

Кака што информира за МИА Зоран Наковски раководител на ПЕ на МЗШВ,  најголем дел од земјоделците, 209 лозари побарале субвенции за грозје од сортите „вранец” и „смедеревка”, и тие ќе добијат по еден денар од килограм.

– За субвенции од  органско производство  се пријавиле 111 земјоделци, а  за градинарски и овошни култури 39. Тие ќе добијат по три денари од килограм за продаден зеленчук и овошје. За ориз ќе добијат по пет денари од килограм, а за субвенции се пријавиле 34 производители на оризова арпа од реонот на поширокиот велешки регион, кој ги вклучува општините Велес, Градско и Чашка, информира Наковски.