Штипските занаетчии денеска го слават празникот „Свети Спиридон”, кој им е заштитник. Традицијата да се слави овој празник особено ја почитуваат чевларите и кожарските работници, кои што во градот Штип работат во неколку фабрики за чевли и работилници.
Претседателот на регионалната Занаетчиска комора во Штип Венцо Крстев вели дека еснафот денеска со присуство на утринската литургија во црквата „Свети Никола” и заедничката средба го одбележа празникот.
-И покрај тоа што некои занаети веќе ги нема во Штип, сепак занаетчиите остануваат здружени во здружението, во кое им се даваат сите информации за законските измени и се што треба да се регулира во текот на годината, вели Крстев.
Вкупниот број на занаетчии не се знае во Штип, но според она што може да се види во здружението најмногу членуваат фризери и козметичари. Младите во последните неколку години особено пројавуваат интерес за овие занаети, коишто носат и добра егизстенција за едно семејство.


