Бројот на жртвите во Индонезија достигна 429 лица, властите предупредуваат на ново цунами – ММС
ММС

Објавено на: 12/25/18 1:42 PM

Бројот на жртвите во Индонезија достигна 429 лица, властите предупредуваат на ново цунами

Фото: The Daily Star

Расте бројот на жртви од цунамито кое во саботатаги погоди крајбрежните подрачја на индонезиските острови Јава и Суматра. Според локалните власти, бројката на загинати достигнала до 429 лица, 1500 се повредени и 154 се сметаат за исчезнати.

Цунамито што ја погоди областа по должината на индонезискиот брег околу Зондскиот теснец – помеѓу Јава и Суматра – индиректно беше предизвикано од ерупцијата на вулканот Анак Кракату, на околу 50 километри од брегот, велат експертите.

Разурнувањата предизвикани од цунами, опфаќаат пет реонот на двата острови.

Индонезиската агенција за метеорологија, климатологија и геофизика предупреди денеска за опасност од појава на високи бранови во многу области, вклучувајќи во Јаванското Море, во периодот до 27 декември, пренесе ТАСС. Во соопштението се вели дека брановите можат да достигнат висина од четири метри, па поморскиот сообраќај треба да се одвива исклучително внимателно.

Претходно, шефицата на агенцијата Двикорита Карнавати предупреди за исклучително неповолни временски услови во наредните денови во крајбрежните области околу Зондскиот теснец. Метеролозите предвидуваат силни ветрови и поројни дождови.