На седница на совет на општина Тетово се усвои буџетот на општината за 2019 година – ММС
ММС

Објавено на: 12/25/18 1:28 PM

На седница на совет на општина Тетово се усвои буџетот на општината за 2019 година

На седница на совет на општина Тетово се усвои буџетот на општината за 2019 година чии вкупни приходи за наредната година изнесуваат 1 507 202 133 денари. Против ваквиот буџет од кој се планира да се потрошат речиси половина од средствата за плати и придонеси, против гласаа советничките групи од ВМРО ДПМНЕ и Алијансата за Албанците.

Советничките групи од ВМРО ДПМНЕ и Алијансата за Албанците кои се опозиционери во советот на општината, велат дека овој буџет не е развоен. Во него не се предвидени капитални инвестиции кои се во интерес на градот, ниту пак се предвидени пари за решавање на најголемиот проблем во градот – аерозагадувањето.

Советничката група на Алијансата за Албанците, пак смета дека голем дел од буџетот на општината и во 2019 година ќе се одлива за плати и придонеси.

Претседателот на советот на општина Тетово тврди дека буџетот е развоен и се планираат пари за капитални инвестиции

Речиси половина од средствата од буџетот на општина Тетово и за 2019 година се предвидени за плати и придонеси.