Најзафрлениот остров на Земјата – ММС
ММС

Објавено на: 12/25/18 10:45 AM

Најзафрлениот остров на Земјата

Островот Бувет е мала вулканска карпа во јужниот Антартик. На оваа субанатарктичка територија, која и припаѓа на Норвешка, оддалечена илјадници километри од цивилизацијата, ретко кога стапнува човечка нога.

За морепловците овој остров е најдалечниот на Земјата , зашто и да се стигне, временските услови се менуваат од час во час и пристапот е лош.  Но, островот Бувет е посебно интересен за научниците , зашто се наоѓа на удар на западните ветрови ,кои се мешаат со топлите струи и токму на овој остров се најизразени пореметувањата на нивото на морињата.

Во последните 30 – тина години се вршат редовни истражувања. професорката Лиз Томас од организацијата ,,Бритиш Антарктик Сурвеј” вели дека и промените на ветровите на Земјината топка имаат влијание врз климата, како и врз топењето на големите ледени карпи.

Професорката Томас изврши истражувања со земање сонда со мраз од островот и врз основа на слоевите мраз ги утврдува промените на климата на земјината топка со илјадници години наназад, како и човековото влијание врз таквите промени.

Професорката податоците од ова истражување ќе ги презентира кон крајот на 2019 на состанокот на Американската геофизичка заедница, најголем собир на научниците за Земјата и вселената.