Крадецот морал да побара помош од полиција , зашто останал заглавен во автомобилот што го крадел. Според полицијата 17 годишниот крадец се обидел да украде автомобил , откако упаднал во салон за продажба на нови возила.

Откако сфатил дека не може да излезе од  автомобилот што не можел да го стартува , повикал полиција на помош.

Полицијата веднаш пристигнала и го однела младиот крадец во притвор.