ДИРЕКТОР ЗА ПРИМЕР: Ќе им подари бонус од 4 милиони долари на 200 вработени за Божик – ММС
ММС

Објавено на: 12/25/18 10:15 AM

ДИРЕКТОР ЗА ПРИМЕР: Ќе им подари бонус од 4 милиони долари на 200 вработени за Божик

Ли Шенхер, директорот на една приватна компанија во Мичиген, одлучил да израдува 200 вработени со бонус од 4 милиони долари.

Тоа би значело дека вредноста на бонусот ќе биде од 20.000 до 60.000 долари по вработен. Станува збор за фабрика за производи од пена кои потоа се продаваат во голем синџир на продавници во САД, како и преку „Амазон“, а наменети се за декорирање и за цветните индустрии.
Компанијата „Флора крафт“ е основана во далечната 1946 година, а нејзиниот сегашен извршен директор и сопственик, Ли Шенхер, ја води од 1973 година.

Тој на 14 декември ја објавил одлуката за бонусите на свечената вечера со вработените. Вработените му аплаудирале, а поедини дури и заплакале од среќа.