Сефер Цановски, синот на бизнисменот и сопственик на комплексот „Космос“, во сведочењето за случајот „ТНТ“ на СЈО, рече дека ги молел бизнисменот Орце Камчев кој му бил сосед, и лидерот на ДУИ, Али Ахмети да влијаат кај Никола Груевски да не се урива објектот.
„Прв комшија ми беше Орце Камчев. Го замолив да разговара со таа власт, ако може да не одат на најцрното сценарио. Некој ден потоа ми беше кажано дека он е близок со Сашо Мијалков, а не со Никола Груевски“, кажа Цаноски.
Сведокот кажа дека и Али Ахмети бил запознат со уривањето и дека лично му кажал оти објектот ќе биде урнат бидејќи татко му ја напуштил коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.
Преземено од: Макфакс


