ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема никакво решение за загадувањето, ќе почнат да бараат од луѓето да не дишат – ММС
ММС

Објавено на: 12/25/18 10:07 AM

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема никакво решение за загадувањето, ќе почнат да бараат од луѓето да не дишат

СДСМ ја труе јавноста со своите лажни и манипулативни соопштенија исто како ПМ честичките што ги трујат граѓаните, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ откако од владејачката партија обвинија дека Мицкоски како прв човек на АД ЕЛЕМ директно придонел за интензивирање на аерозагадувањето.

„СДСМ на изборите ги излажаа граѓаните со ветување за чист воздух, а сега мерките им се сведоа на препораки граѓаните да не излегуваат од дома, чекање да заврне дожд или снег, чекање да дувне ветер или пак да се расипе некоја мерна станица за народот да не знае колку е загадено. Што е следно, СДСМ, Макрадули и Филипче да им препорачаат на луѓето да не дишат? Ова ли е животот кој го ветуваа“, јавно прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ во својата реакција.

Од опозициската партија наведуваат дека откако се на власт од СДСМ потрошиле 7 милијарди евра буџетски пари без притоа да биде отпочнат проектот на секундарна и терциерна фаза на гасификација.

„Во црнила е воздухот како што е во црнила Македонија. Криминалниот картел на власт не се грижи за граѓаните, се грижи само за својот личен бизнис интерес“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.