Најголемиот светски бренд – ,,тежи” 214 милијарди долари – ММС
ММС

Објавено на: 12/25/18 10:03 AM

Најголемиот светски бренд – ,,тежи” 214 милијарди долари

Во 2018 година највреден светски бред е Епл, чија вредност е проценета на 214,4 милијарди долари, што е за 16 проценти повеќе од лани, се наведува во традиционалната ранг листа која секоја година ја објавува Интербранд.

На второ место е Гугл, чија вредност е зголемена на 10 отсто и сега изнесува 155,5 милијарди долари, додека на трето место е Амазон, кој вреди 100,7 милијарди, дури 56 отсто повеќе во споредба со лани.