Вучиќ: Нека ги укинат таксите, па нека испратат на разговори кого сакаат – ММС
ММС

Објавено на: 12/25/18 9:54 AM

Вучиќ: Нека ги укинат таксите, па нека испратат на разговори кого сакаат

За постигнување компромис со Приштина потребни се многу енергија, труд и желба, па да се жртвуваат и сопствените кариери за да се обезбеди иднината на децата, вели српскиот претседател Александар Вучиќ, кој изрази сомнеж дека и косовските претставници го сакаат истото.

„Нека ги укинат таксите, па нека испратат на разговори кого сакаат“, изјави Вучиќ кој говорејќи за изборот на новиот косовски тим во преговорите и можноста да продолжи дијалогот со Приштина.

Гостувајќи во телевизијата „Пинк“, Вучиќ рече дека некои од надвор, а можеби и од внатре, направиле веќе да не се говори за тешката положба на косовските Срби, кои никогаш не биле во потешка ситуација, како ни за таксите што Приштина ги зголеми на 100 проценти.