Отворање „Роса школо за родителство“ во Клиничката болница во Битола – ММС
ММС

Објавено на: 12/25/18 7:41 AM

Отворање „Роса школо за родителство“ во Клиничката болница во Битола

„Роса школо за родителство“ ќе биде отворена денеска во Клиничката болница во Битола.

Најавено е обраќање на државниот секретар во Министерство за здравство Владимир Милошев и на директорот на Клиничката болница во Битола, Зоран Лазаров.

Ова е трето „Роса школо за родителство“ откако беа отворени две и тоа во Поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје и во Општата болница во Гостивар.

МИА