43 лица загинаа, а десетици се повредени во вооружен напад во Кабул – ММС
ММС

Објавено на: 12/25/18 7:42 AM

43 лица загинаа, а десетици се повредени во вооружен напад во Кабул

Во главниот град на Авганистан, Кабул  доцна синојќа се случи повеќечасовен напад врз владината зграда, според најновите информации и пишувања на светските медиуми, загинале 43 лица, а десетици биле ранети.

Нападот се случил откако бомбаш самоубиец го активирал експлозивот во автомобил по што три вооружени лица со автоматски пушки влегле во зградата. Настанот во кој има жртви и повредени траел над осум часа.