Наскоро: Пиво од канабис за сите пивопии – ММС
ММС

Објавено на: 12/24/18 11:17 PM

Наскоро: Пиво од канабис за сите пивопии

Најголемата светска пивара „AB InBev“ (BUD) објавила дека ќе стане партнер со канадската компанија „Tilaray“ со која заедно ќе направат пијалок од канабис.
Како што пренесува CNN, „AB InBev“ тежнее кон уживателите на марихуана. Во прилог на нив е и неодамнешната легализција на канабисот во Канада, и во некои американски држави.

„Tilaray„ и „AB InBev“ имаат намера да вложат 100 милиони долари во истражување на безалкохолни пијалоци кои содржат одредена количина на канабис.

За почеток, компаниите ќе пласираат таков вид на пијалоци само во Канада. По тоа „AB InBev“ позната по брендовите „Bud“ и Stella Artois, ќе донесат одлука од исплатливоста за правње напиток со канабис.

Белгиска км=омпанија веќе некое време размислува како да ја подобри продажбата, затоа што нејзините досегашни купувачи во последно време се повеќе се вртат кон малите пивари и „крафт“ пива, со што се намалила побарувачката на најпознатите пива „Budweiser“ и „Bud Light“.

Комапнијата „Tilray“, специјализирана за производи од медицинска марихуана. На почетокот од оваа недела од оваа компанија најавија партнерство со швајцарската фармацевтска компанија Novartis за да ја осигураат дистрибуцијата на медицинскиот коноп на меѓународниот пазар.

Откако во САД демократите ја преземаа контролата над Претставничкиот дом, Конгресот би можел да донесе нов закон со кој би отвориле врати на легалното производство на коноп и уште некоја поголема понуда на производи кои содржат канабидиол односно активна состојка од влакната на билката канабис.