Еден од зимските спортови кој на едно место сите љубители секако е уметникото лизгање. Со првите ладни денови во градовите ширум светот, покрај оние кои работат во текот на целата година, се прави лизгалиште на отворено кои во текот на зимата се преполни со љубителите на овој вид спортско рекреативен вид на релаксација. Неопходен реквизит за овој вид спорт секако се лизгалките кои ги има во различни бои, и чии цени се движат од најефтини и едноставни, до најмодерни и поскапи.

Првите лизгалки, кои според сочуваните податоци пронајдени се во Шведска, настанале во деветтиот век и направени биле од животинска кожа. Ови лизгалки личеле на чорапи кои се навлекувале на обувки и затоа се користени за лизгање по мраз. Иако вљубениците во овој зимски спорт успевале да лизгаат со нив, не биле многу удобни и издржливи затоа што често доаѓало до повреди на коските и модринки по телото.
Податоците велат дека овие лизгалки најчесто ги користеле патниците во ладните краишта кои поминувале долга километража по снежна покривка.

Пет векови подоцна, поточно кон средината на 14 -от век, се појавиле дрвени лизгалки. Нивниот долен дел бил направен од дрво, како и остро сечиво кое овозможувало лесно вртење на мразот. И тие се навлекувале на веќе постоечката обувка, овоможувајќи им на љубителите на овој спорт да уживаат во возењето по мраз. Но како и оние направени од коски, ниту дрвените не биле потполно сигурни.
Во 17 -от век се појавиле и првите лизгалки комплетно направени од челик, кои биле зацврстени за обувките истите овие лизгалки почнале да се продаваат во 1850 та година. Во децениите кои следеле се појавиле и лизгалки – обувки на ѓон специјално направен со длабока чизма за да може да го зацврсти стапалото. Лизгалките со помош на ваквата направа овозможиле сигурност во лизгањето, затоа што повеќе не доаѓало до пукање на металното сечиво, а од друга страна биле побрзи, а со тоа постоело ризик од брзо возење на мразот.
Овој вид зимска забава со години била резервирана за оние од повисокиот сталеж, а во 19 -от век рекреативното лизгање на мраз полека прерасна во спорстка дициплина – спортско, уметничко и брзо лизгање.


