Погледнете кои се најубавите 10 улици во светот – ММС
ММС

Објавено на: 12/24/18 9:50 PM

Погледнете кои се најубавите 10 улици во светот

Секој град и улица во светот има своја убавина и шарм, па така магазинот Architectural Digest се потруди да ги одбере оние најубавите од Европа до Азија.

Водејќи се според добрата географска локација, кретивните архитектонски решенија угледниот магазин ни го претставува изборот на уникатните улици кои задолжително треба да ги посетите.

Rue du Petit Champlain, Quebec City, Канада
Уредена во европски стил оваа улица е преполна со симпатични продавници и бистроа кои создаваат неверојатна приказна во текот на целата година посебно во периодот на Божиќните и Новогодишните празници.


Colmar, Франција
Во непосредна близина со Германската граница се наоѓа еден од најшармантните градови во Франција. Изборот е тежок бидејќи во шармантниот  Colmar секоја улица е своја симпатична приказна. Сепак магазинот го избра стариот дел од градот на својата листа кој ќе ви остави најголем впечаток доколку го посетите овој француски град.


Jinli, Chengdu, Кина
Улицата Jinli ќе ве остави без здив во текот на целата година, особено шармот кој го има за време на Кинеската Нова Година.


Aldama, San Miguel De Allende, Мексико
Оваа улица дефинитивно нека ви биде на списокот доколку го посетите овој Мексички град. Магазинот Travel + Leisure го прогласи San Miguel De Allende за најдобар град за 2013 година.


Zrinyi Utca, Budimpešta, Унгарија
На само неколку метри од реката Дунав се наоѓа славната улица во симпатичната Будимпешта.


Tohid, Teheran, Иран
Погледот кон величевствената планина Alborz како и тунелот долг 4 км и дава посебна драматична приказна на оваа улица во центарот на Техеран.


Bruges, Белгија
Одличната и добро зачувана архитектура е вистинска мамка за бројните туристи кои ја посетуваат овој белгиски град.


Burano, Италија
Овој остров во Венецијанската лагуна кој е испреплетен со канали и уникатни фасади на зградите дефинитивно ќе ви остави убави спомени и фотографии за сеќавање.


Tetsugaku no michi, Kyoto, Јапонија
Долга 2 км оваа улица е најубаво да ја посетите на пролет и да ја почувстувате магијата на цветањето на црешите во овај јапонски град.


Shambles, York, Англија
Шармантната улица исполнета со неверојатни градби кои некои датираат од 14 век нека ви биде на списокот на уживање доколку го посетувате овој град во Англија.