Штрајк во психијатриската болница во Демир Хисар – ММС
ММС

Објавено на: 12/24/18 6:43 PM

Штрајк во психијатриската болница во Демир Хисар

30 болничари и хигиеничари од Психијатриската болница од Демир Хисар денеска излегоа на протест барајќи да им се реши статусот. Рабoтеле со договор на дело, без здравствено и пензиско осигурување, а договорот им истекува на 31 декември. Директорката на болницата, Татјана Лозановска денеска за овој проблем и за систематизацијата беше на состанок во Министерството за здравство од каде бара и регулирање на работниот однос на овие лица.