На утрешната вонредна седница на Советот на Општината Охрид , единствена точка од дневниот ред е избор на вршител на должноста градоначалник. Вонредната седница следува десетина дена по ненадејната смрт на градоначалникот Јован Стојаноски.
СДСМ го предложи советникот Константин Ѓеоргиевски, кој до сега ја вршеше функцијата заменик – градоначалник. Изборот на Ѓеоргиевски требаше да се усогласи со ДУИ, ВМРО ДПМНЕ,Беса и Алијансата за Албанците.
Константин Ѓеоргиевски е по професија лекар – интернист.
Вршителот на должноста останува на позицијата се’ до изборот на нов градоначалник на вонредни локални избори, што најчесто се поврзуваат со претседателските, во април следната година. Градоначалници треба да се избираат во уште две други општини – во Дебар, каде неодамна почина градоначалникот Ружди Љата и во Ново Село, чиј градоначалник Боро Стојчев, беше фатен и осуден за шверц со цигари.


