Тетово урива рекорди по аерозагаденост деновиве, општината стои со скрстени раце – ММС
ММС

Објавено на: 12/24/18 5:06 PM

Тетово урива рекорди по аерозагаденост деновиве, општината стои со скрстени раце

Тетово урива рекорди по аерозагаденост деновиве. Штетните ПМ 10 честички се и за до пет пати поголеми од максималните граници. Но Општина Тетово оваа сезона на загаден воздух го заборавила. На терен не се преземаат никакви мерки против аерзагадуавњето.
Освен што не се преземаат мерки против аерозагадувањето, општината одбива било каква соработка со медиумите и невладините во врска со проблемот со аерозагадувањето. Од невладината Мајка и Дете, велат дека општината не презема никаив мерки против аерозагадувањето, кое го создава и самата.

И дел од останатите здруженија кои се занимаваат со еколошки проблеми, се разочарани од работата на општината и справувањето со еколошките проблеми .

Од ДОМ апелираат на поголема соработка на општината со невладините, со цел поуспешно справување со аерозагадувањето.

Тетово урива рекорди по аерозагаденост деновиве. Штетните ПМ 10 честички се и за до пет пати поголеми од максималните граници.

Зоран Димовски