Повик до публиката да поздрави млад музичар упати синоќа нашиот гитарист Влатко Стефановски, на неговиот концерт во салата „Борис Трајковски“. На изненадување на сите, следеше претставувањето на Јан Стефановски, кој својот татко го придружуваше на тапани. Јан дојде на сцената и отсвире неколку композиции заедно со Влатко. Култната „Учи ме мајко карај ме“, Јан ја донесе со голема енергија, што бурно беше поздравено од публиката.
За својот син Јан, Влатко вели дека е голем критичар, а во последно време често го следи на концертите. Влатко Стефановски на концерот во Скопје допатува од Загреб, каде во петокот настапи во култната Творница.



