Јавното обвинителство се очекува да излезе и да ги соопшти резултатите од истрагата за тоа како Никола Груевски успеа да побегне во Унгарија.
Ова денеска го кажа министерот Оливер Спасовски, кој на прашање од Канал 77, дали има новости во истрагата и кога ќе излезат официјално со резултатите, Спасовски кратко одговори:
– Има, тоа ќе го соопшти Јавното обвинителство, рече министерот Спасовски.
На прес конференцијата пред 12 дена, обвинителката за организиран криминал, Вилма Рускоска рече дека истрагата е при крај, а јавноста ќе биде информирана најдоцна за две недели.
Македонските органи беа јавно критикувани што никој официјално не излезе со детали за тоа како Груевски ја напуштил Македонија, со забелешка дека речсиси целосната маршута на бегството и другите детали ги добивме од земјите во регионот, но не и од домашните органи.


