Старица од Прилеп починала во пожар во нејзиниот дом – ММС
ММС

Објавено на: 12/24/18 11:22 AM

Старица од Прилеп починала во пожар во нејзиниот дом

Вчера околу 20,00 часот во Прилеп на улица „Митко Цветановски“ во куќа сопственост на М.К.(82) избувнал пожар соопшти МВР.

Пожарот е изгаснат од страна на Противпожарна екипа. Во куќата пронајдена е почината М.К., а смртта настапила најверојатно од задушување со чад.

Извршен е увид на местото на настанот.