Регионалните музички ѕвезди обединети на едно место: Најдобрите ќе ги добијат MAC признанијата – ММС
ММС

Објавено на: 12/24/18 10:46 AM

Регионалните музички ѕвезди обединети на едно место: Најдобрите ќе ги добијат MAC признанијата

Најголемите регионални музички ѕвезди собрани на едно место. Штарк Арената во Белград в петок е домаќин на првата регионална церемонија на доделувањето на музичките признанија MAC (Music Awards Ceremony). Меѓу оние кои ќе настапат се вбројуваат имињата на Бајага, Петар Грашо, Срегеј Четковиќ, но и Жељко Јоксимовиќ.

Мило ми е дека првпат ќе се организира манифестација како With Best Regards во Белград и која на професионален и врвен начин ќе направи еден музички пресек на сè што е најквалитетно и најпопуларно во целиот регион. Се гледаме на MAC воедно да прославиме 35 години музицирање на Бајага&Инструктори. Добре дојдовте!” – порачува Момчило Бајагиќ – Бајага.

Според Јоксимовиќ пак, оваа манифестација е значајна за поврзување на регионалната музичка сцена:

„Сигурен сум дека атмосферата и енергијата ќе бидат одлични, ќе има многу добра музика, продукција и придружните елементи ќе бидат на врвно ниво, и затоа ги поканувам сите да ни се придружат во Арена на 29 јануари. Се гледаме“.

Освен веќе докажаните, дел од настанот ќе бидат и младите музички имиња меѓу кои и Сара Јо, која на српската публика и’ стана позната пред неколку години.

Се разбира, овде нема да изостанат и македонските музички ѕвезди, а од нив прва својот настап го најави Каролина Гочева.

Организацијата и продукцијата на MAC ја потпишува Skymusic од каде најавуваат дека во наредните денови ќе бидат објавени и имињата на останатите изведувачи од Србија, Црна Гора, Македонија, Хрватска и Босна и Херцеговина, кои ќе настапат на свеченото доделување на музичките признанија.