Студено утро во Македонија – маглата „голта” ова се температурите – ММС
ММС

Објавено на: 12/24/18 7:47 AM

Студено утро во Македонија – маглата „голта” ова се температурите

Студен бран веќе е упатен кон нашата држава и ќе стигне утре доцна попладне и навечер и ќе влијае на времето кај нас во текот на ноќта кон вторник како и во вторник наутро и ќе услови врнежи најпрвин од дожд и снег на планините, ќе започне да дува засилен, повремено силен ветер од северен правец кој понекаде ќе има удари од над 70 км/час, токму ова ќе услови нагло заладување на времето па така најпрвин на повисоките места а во текот на ноќта кон вторник почнувајќи од северните предели, и на некои пониски места ќе има врнежи од снег.Снежната покривка ќе се зголемува на планините и на повисоките места. Поинтензивни врнежи ќе има во западните предели на државава каде локално ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог.