Уметничките инсталации што ја одбележаа 2018 година – ММС
ММС

Објавено на: 12/24/18 3:00 PM

Уметничките инсталации што ја одбележаа 2018 година

Врската помеѓу луѓето и природата се секогаш во тесна врска и најчеста инспирација, па токму и за создавање на уметничките инсталации ширум светот ова беше главна тема. Кога уметникот поинаку преку своето уметничко дело ја претставува таа врска, а од човековото око како гледач добиваш впечаток дека уметноста добива друга димензија. Главната поента на повеќето уметнички инсталации беа да ја подигнат свеста за зачувување на природата.

Уживајте во неверојојатните идеи кои доживеаа реализција во 2018 година.

„Coralarium“ со потпис на Џејсон ДеКаирес Тејлор
Британскиот вајар Џејсон ДеКаирес Тејлор, оваа година направи подводна галерија со скулптури наречена „Coralarium“. Оваа огромна коцка е направена од рН неутрален челик кој служи и како вештачки гребен кој ги привлекува морските суштества.

„Skyscraper (the Burges Whale)“
Оваа инсталација со висина од 11 метри има за цел да го покаже размерот на проблемот со загадувањето од пластика. Споменикот е направен од 5 тони отпад собран од Тихиот и Атлантскиот Океан. Скулптурата ги надминува средновековните градби околу каналот во Бруж е совршен симбол за големит проблем.

„Atelier des Lumieres“ од Culturespaces
Во оваа инсталација се вклучени 3.000 подвижни слики кои се направени со 20 ласерски видео проектори. Инсталацијата ги нагласува делата на уметниците од Виена, вклучувајќи го и познатиот Густав Климт. Овој модерен пристап на изложбите бил прикажан во Париз.