Новинарот кој пишуваше лажни стории во „Шпигел“ се соочува со тужба: Барал донации од читателите – ММС
ММС

Објавено на: 12/23/18 6:21 PM

Новинарот кој пишуваше лажни стории во „Шпигел“ се соочува со тужба: Барал донации од читателите

Новинарот Клас Релотиус, кој измислуваше информации за своите текстови објавени во германскиот весник „Шпигел“ може да биде обвинет дека од читателите собирал донации за сиромашните во Сирија. Ова денеска го соопшти весникој кој откри дека триесет и тригодишниот новинар преку приватен имеил ги повикувал своите читатели да даваат донации за помош на сириските деца кои живеат на улица во Турција, а парите биле уплаќани на неговата банкарска сметка.

Колкава сума успеал да собере на тој начин и каде завршиле парите засега е непознато, но весникот ќе поднесе тужба против него и ќе соработува со Обвинителството со цел да се утврдат фактите.

Според неделникот, новинарот отворил банкарска сметка од која ги пренасочувал донациите кон неговата лична штедна книшка.

„Шпигел“ во средата објави дека Релотиус, кој на почетокот работел како „фриленсер“, а потоа бил вработен, измислувал интервјуа и факти во најмалку 14 стории. Веднаш потоа весникот му даде отказ.