Новинарки нападнати за време на протестите на „жолтите елеци” во Франција – ММС
ММС

Објавено на: 12/23/18 1:10 PM

Новинарки нападнати за време на протестите на „жолтите елеци” во Франција

Фото: Ројтерс

Учесниците на протестот на „жолтите елеци“ на пункт за наплата на патарина кај местото Булу во јужна Франција нападнале две новинарки на француската држaвна телевизија Франс 2. Тие синоќа известувале од протестот, кога полицијата употребила солзавец за да ги растера демонстрантите, при што неколкумна од нив го опколиле репортерките и почнале да ги удираат, обвинувајќи ги дека се „продале“ и дека „манипулираат со фактите“.

Ова не е прв случај на напад на „жолтите елеци“ во Франција врз новинари. Петмина новинари од неколку приватни телевизии кон крајот на минатиот месец до полицијата во градот Тулуз поднесоа пријави за насилство и закани кон нив.

Францускиот претседател, Емануел Макрон синоќа најави дека Владата ќе преземе сторги мерки против лицата кои вршат насилство за време на протестите на „жолтите елеци“. Според него, на Франција сега и’ се потребни „ред и консензус“ за да се надминат несогласувањата.

Вчерашните протести на „жолтите елеци“ во Франција минаа со значително помала масовност во споредба со собирите од минатата сабота. За време на вчерашните протести на територијата на цела Франција биле уапсени 220 лица, од кои на 81 им е одредена мерка притвор.