По трагедијата кај Ниш, жителите со протест бараат поставување рампа – ММС
ММС

Објавено на: 12/23/18 1:05 PM

По трагедијата кај Ниш, жителите со протест бараат поставување рампа

Фото: Tanjug

По трагедијата во која во близина на Ниш, беа изгубени пет животи, граѓаните бараат поголема сигурност на железничките премини.

Жителите на Долно Меџурово, каде што при судар на воз и автобус загинаа пет луѓе, го блокираа денес патот и пругата барајќи да се стави рампа и светлосна сигнализација на железничкиот премин.

На нив им се придружија и жителите на уште две соседни села-Ново Село и Чокот – пренесува Тајнуг.
Граѓаните најавија дека секоја недела во исто време ќе се собираат и ќе ги блокираат патот и пругата, се’ додека не се исполнат нивните барања.