Триесет и осум лица ноќеска во Скопје управувале возило под дејство на алкохол – ММС
ММС

Објавено на: 12/23/18 11:46 AM

Триесет и осум лица ноќеска во Скопје управувале возило под дејство на алкохол

Полицијата открила 38 возачи кои ноќеска управувале возило под дејство на алхохол, во рамки на зајакната акциска контрола спроведена на подрачјето на СВР Скопје во периодот од 00:00 до 05:00 часот.

Полициски службеници контролирале се вкупно 209 возачи, a кај 38 од нив утврдиле присуство на алкохол во крвта.

Од МВР информираат дека по однос на констатираните прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се вкупно 38 мерки. Исклучени се 38 возачи од сообраќај, издадени се 38 мандатни платни налози и откриени се 23 останати прекршоци.