Малолетник повреден во сообраќајна незгода во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 12/23/18 11:31 AM

Малолетник повреден во сообраќајна незгода во Скопје

Тринаесетгодишно момче е повредено во сообраќајна незгода која се случила во Скопје вчеравечер. Во скопјанецот со иницијали Л.А  удрил возач кој управувал патничко моторно возило ,,Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки. Возачот со возилото го напуштил местото на настанот – соопшти денеска МВЕ.

По незгодата , Л.А.се упатил во неговиот дом, а потоа негов роднина го однел во Градска општа болница „Свети Наум Охридски“ каде лекарите констатирале повреди, а по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.

За сообраќајната незгода известен е јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – додаваат од МВР.