Откажани се неколку летови од аеродромот во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 12/23/18 11:26 AM

Откажани се неколку летови од аеродромот во Скопје

Неколку летови од Меѓународниот аеродром Скопје утринава. Причина за тоа е густата магла.

Откажани се полетувањата за Виена, Загреб и Истанбул. Утринава од скопскиот аеродром полетале само авионите до Гетеборг, Малме и Лондон.

И вчера попладне и ноќеска поради магла и намалена видливост повеќе летови беа откажани или пренасочени кон други аеродроми.