Четврта жртва од несреќата кај Лесковац: Почина уште една патничка – ММС
ММС

Објавено на: 12/23/18 9:51 AM

Четврта жртва од несреќата кај Лесковац: Почина уште една патничка

Четврта жртва од сообраќајната несреќа со македонскиот автобус кој минатата недела се преврте кај Лесковац. Една од повредените жени починала синоќа на Клиничкиот центар во Ниш.

Станува збор за С.Т која како што пренесуваат српските медиуми, била тешко повредена во несреќата што се сличи на 16. декември. Таа имала скршеница на карличната коска и била оперирана во болницата во Ниш. Таа, исто како и уште еден од сериозно повредените патници, била приклучена на апарати за дишење.

Во несреќата шест лица беа тешко повредени, а 32 се здобија со полесни повреди.

Автобусот тргнал од Битола за Виена, но поради лоши временски услови и најверојатно неприлагодена брзина излетал од патот. Од полицијата се уште нема точни информации зошто автобусот излетал од коловозт.