Вкупно 227 казни изрекло Министерството за внатрешни работи за една година, откако Градот Скопје ја воведе забраната за дотур на стока во центарот на градот. До Градот секојдневно стигнуваат поплаки од граѓани кои упатуваат на непочитување на Одлуката за забрана за вршење дотур на стока во централното градско подрачје во периодот од 7:30 до 18 часот.
Градот Скопје денеска преку соопштение апелира до дистрибутерите да ја почитуваат Одлуката, за да се намали сообраќајниот метеж во овие делови од градот, а со тоа да се намали и загаденоста.
Надлежноста за контрола и казнување на овој вид сообраќај ја има Министерството за внатрешни работи.


