Општина Штип: Јавната набавка за новото лизгалиште е транспарентна – ММС
ММС

Објавено на: 12/22/18 2:37 PM

Општина Штип: Јавната набавка за новото лизгалиште е транспарентна

Очигледно ВМРО-ДПМНЕ не може да излезе од сопствената криминална матрица, која ја градеше цела деценија врз грбот на граѓаните. Вака денеска општина Штип одговори на опозициските обвинувања дека отворањето на новото лизгалиште во градот е „обвиено“ со сомнителни тендерски постапки.

Од Општина Штип тврдат дека работат согласно законските норми и прописи во Република Македонија.

Од таа пракса, нормално не е исклучок ниту постоечкото лизгалиште, за кое имаме јавна набавка – транспарентна и отворена за учество на секој заинтерсиран правен субјект кој ги исполнува тендерските услови. Лизгалиштето кое во моментов е поставено, е на барање и комплетен трошок на фирмата во чија сопственост е истото. Сето тоа е во интерес на времето, граѓаните да имаат дополнителна опција за забава во претпразничниот период – се вели во реакцијата.