Сугарески: Изградбата на гасоводната мрежа се одвива со забрзана динамика – ММС
ММС

Објавено на: 12/22/18 1:16 PM

Сугарески: Изградбата на гасоводната мрежа се одвива со забрзана динамика

Изградбата на магистралниот гасовод од Штип до Неготино е во завршна фаза и е во должина од 36 километри – соопшти денеска министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески. Според него, инвестицијата изнесува 15,8 милиони евра.

„Изградбата на гасоводната мрежа низ Македонија почна да се одвива со забрзана динамика. Надминати се речиси сите проблеми и ако оваа година ги решававме експропријациите, веќе од следната година изградбата на терен ќе се случува со забрзано темпо“, рече Сугарески денеска.

„Гасификацијата е врвен приоритет на Владата и затоа мора да се искористат сите ресурси за да може што побрзо да заврши изградбата и сите граѓани и компании да ги почуствуваат придобивките од гасот. За граѓаните тоа ќе значи поефтин енерген и заштеди во нивните буџети, бидејќи со гасот се намалуваат трошоците за електрична енергија.“, додаде тој.

Се очекува воведувањето на гасот, за компаниите да овозможи пониски трошоци и поконкурентни производи.